Татко пробал да го истера ДЕМОНОТ од својот син – Заради тоа што го направил, момчето умрело во НАЈГОЛЕМИ МАКИ

Фото: Профимедиа

Пабло Мартинез (31) од Аризона, кој живее во резерватот на индијанското племе Паскуа Јаки, кај Тусон, го присилил својот шестогодишен син да пие жешка вода од славината за да го „истера ѓаволот од него“, се наведува во кривичната пријава поднесена против него.

Мартинез, кој не припаѓа на индијанското племе, но живее во резерватот со сопругата Ромелија Мартинез (која е дел од племето), е уапсен заради сомневање дека го убил синот.

Мартинез рекол на полицијата дека последните денови забележал дека во неговиот син влегол демон. Како што раскажала маќеата Ромелија за мачењето на детето, Пабло го однел синот во купатило за да го избања. Меѓутоа, кога во еден момент почнала да слуша чудни звуци, таа пробала да влезе, но вратата била заклучена. Кога успеала да ја отвори вратата, таа видела како Мартинез го држи детето под славината во кадата.

Таа вриснала и повеќе пати му рекла на Мартинез да престане, но тој и рекол дека „мора да го направи тоа“, се наведува во пријавата.

Мартинез рекол за истражителите дека, додека го бањал синот, приметил дека има „неприроден напад на бес“ и дека заради тоа ја држел неговата глава под славината, помеѓу пет и десет минути. Тој исто така рекол дека жешката вода истерува демони.

Пожарникарите го начекале детето соблечено и потпрено на перница. Во болницата му била констатирана смрт, а 15 отсто од телото му било прекриено во изгореници.

Во тек е истрага на полициското одделение и Федералното истражно биро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот