Татко и ќерка од Косово обвинети за луксузните бунгалови-дивоградби во Леуново

леуново вили
Фото: Владимир Лазаревски

Гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против две физички и едно правно лице од Косово за кривично дело Бесправно градење во Маврово.

По случајот, кој прерасна во скандал за кој опширно пишуваше „Слободен печат“, обвинетите Косовари, татко и ќерка, како и правното лице во кое управител била ќерката, во периодот од 10 јули до 20 септември минатата година, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнале да градат осум бунгалови во селото Леуново, општина Маврово и Ростуше.

Објектите од цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности.

И покрај ова, тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот