Таравари: Наскоро специјализантите ќе можат да подготвуваат извештај со свое име и презиме
Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека наскоро преку „Мој термин“ специјализантите кои специјализираат на македонските универзитети ќе имаат пристап да подготват извештај со свое име и презиме.
Препорачано
-Наскоро преку „Мој термин“ ќе овозможиме специјализантите кои што специјализираат во сите наши универзитети на медицинските факултети, да имаат пристап и тие да можат да подготват извештај со нивно име и презиме. Очекуваме тоа наскоро да го направиме заедно со Лекарската комора – изјави Таравари.
Директорот на Клиника за детски болести, Реџеп Мемеди изјави дека на оваа Клиника има дежурни лекари специјализанти кои работат во тим, но напомена дека постои и недостиг на кадар.
-На Клиниката за детски болести имаме дежурни лекари 24 часа, кои работат во тим, како во сите други специјални здравствени институции. Недостатокот на кадар постои и на нашата клиника, како и на сите други клиники. Министерството прави напори да се ублажи недостатокот на лекари, со новите вработувања. Во однос на зголемување на бројот на лекари специјалисти на дежурства, тоа е системски проблем кој треба да се решава. Специјализантите се лекари со лиценца и тие се компетенти да лекуваат пациенти – додаде Мемеди.


