Таравари: Донесовме одлука Алијанса за Албанците да биде дел од Владата
По вечерашниот состанок на Централното претседателство на Алијансата за Албанците, лидерот на партијата Арбен Таравари изјави дека одлучено е Алијансата да биде дел Владата.
Препорачано
Утре ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски во која како што рече Таравари синхрозираните програми ќе се потпишат, а можеби утре ќе се дадат имињата за идните министри и заменици министри. За нашата партија сигурни се три министерски места и двајца заменици министри, додаде тој.
„После делегираното задолжение од Собрание на партијата, Централното претседателство да ја донесе конечната одлука, организиравме референдум да го слушнеме гласот на членовите, се работеше за електронски референдум. Добивме одговор дека добро е Алијансата за Албанците да биде дел од Владата и донесовме одлука со пакет што го презентиравме пред Централното претседателство, Алијанса за Албанците да биде дел од Владата и тоа со заменици министри за одбрана и земјоделсто, како и Министерство за правда, Министерство за здравство и трето министерство, а тоа е Министерство за информатичко општество или заменик премиер, рече Таравари.
На прашањето дали Алијанса за Албанците преговара со Алтернатива на Африм Гаши, која е дел од владејачкото мнозинство, Таравари само кусо на македонски јазик рече дека тие преговараат само со премиерот.


