6 C
Скопје

Тања Робертс почина на 65 години – еден ден откако по грешка предвреме ја објавија нејзината смрт

Актерката Тања Робертс почина во понеделникот вечерта – еден ден откако нејзиниот сопруг и публицист поради недоразбирање предвреме ја објавија нејзината смрт.

Девојката на Бонд мирно починала во болницата „Cedars – Sinai“ во Лос Анџелес, каде беше хоспитализирана 24 декември, откако отишла да ги прошета кучињата и по враќањето дома паднала во несвест.

Нејзиниот претставник за медиумите рекол дека на таа отишла да ги прошета кучињата. По враќањето дома паднала во несвест. Ја однеле во болница, но не ѝ било подобро. Тие информации ги пренесе нејзиниот долгогодишен партнер Ленс О`Брајан за „Пост“ во вторникот.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Партнерот на актерката изјави дека претходно се согласил да ги исклучат апаратите затоа што лекарите му рекле дека тоа е „сочувствително“ – со оглед на тоа дека бубрезите, црниот дроб и жолчното кесе веќе не биле во функција, дека таа имала смртоносна инфекција на крвта што се ширела низ нејзиното тело.

Прочитајте и...  Редовните стоматолошки прегледи во текот на бременоста се од големо значење

Тие ми рекоа дека сите нејзини телесни функции, нејзините органи се распаднати и таа никогаш повеќе нема да биде истата, дека ќе биде врзана за кревет до крајот на својот живот“, изјави О`Брајан.

Сестрата на Робертс, Барбара Лири, изјави дека е „во целосен шок“ поради смртта на најзината сестра.

Instagram
Instagram

Нека нејзината убава душа почива во мир… Јас сум ужасно, ужасно тажна“, изјави Лири.

Instagram
Instagram

Конфузијата се вртеше околу последните моменти од животот на Робертс, откако нејзиниот публицист, Мајк Пингел, предвреме ја објави нејзината смрт во неделата. Ова веројатно произлезе од очигледно недоразбирање помеѓу О`Брајан и Пингел…

О`Брајан во вторникот изјави дека не знаел како се случило недоразбирањето и дека сите биле длабоко вознемирени во тие моменти.

Прочитајте и...  Пептидите во козметиката

Пингел ја повлече веста за смртта на Робертс во понеделникот, велејќи дека таа сè уште е жива, но дека е во многу тешка состојба, но ден потоа, таа засекогаш ја изгубила битката…

Почина актерката Тања Робертс, една од девојките на Бонд

Бонд девојката Тања Робертс е жива: Нејзиниот сопруг пренел неточна информација

Поврзани вести

Боби Браун за врската со Витни: Прекумерно се дрогиравме и опивавме

Слободен печат

Редовно пијте јогурт или кефир: Научниците за прв пат откриваат механизам со кој пробиотиците можат да штитат од патогени инфекции

Слободен печат

Хороскопски знаци кои обожаваат прегратки – Со гушкање можете веднаш да ги освоите!

Слободен печат

ВИДЕО | Џим Џармуш сними краток филм за модната куќа „Сен Лоран“: Нереален, мрачен, но и многу шик!

Слободен печат

Почина Хелен Мекрори ѕвездата од „Peaky Blinders“

Слободен печат

ФОТО | Повеќе никој не се сомнева дали е син на Чарлс: Фотографија од 1957-та јасно покажува дека принцот Хари е копија на неговиот дедо Филип

Слободен печат

Остави Коментар