Тамара Тодевска раскажува за денешниот земјотрес: Син ми ме разбуди со плачење

Instagram
Фото: Инстаграм

Земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала кој беше регистриран околу 4:54 часот во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар утринава ги вознемири граѓаните. Пејачката Тамара Тодевска во интервју за порталот „Nova.rs“ го раскажа нејзиното искуство…

Епицентарот беше многу силен, се чувствуаше како да е во Скопје. Планината е на еден час од нас. Само што се слушнав со пријатели кои живеат таму и велат дека имале чувство дека куќите ќе пропаднат“, изјави Тодевска.

Принтскрин / Youtube

Тамара раскажува дека за време на земјотресот била во нејзиниот дом, со нејзиниот син, кој како да го предвидел земјотресот.

Син ми ме разбуди дваесетина секунди порано. Не знам што му се случи, само почна да вика: „Мамо, мамо“. Го зедов кај мене и набргу потоа се случи земјотресот. Се почувствува, но не траеше долго. Имам траума и проблеми од претходни вакви настани, па затоа не ми беше сеедно“, рече Тамара.

Instagram
Instagram

Пејачката во краткото интервју додаде дека поради ситуацијата со коронавирусот, не работи подолг период, па затоа времето најмногу го поминува дома со семејството, со сите мерки на претпазливост.

Добри сме. Не излегуваме многу од дома. Хана оди во градинка, Дарен не. Искрено, јас не работам. Нас пејачите нè заборавија и дека постоиме. Ситуацијата не е баш најдобра, но како за сите, така и за нас. Ги почитуваме мерките, носиме маски и не ги симнуваме ни во автомобилот. Држиме дистанца, се бориме да помине што е можно побрзо. Мислам дека луѓето сè уште не ја разбираат сериозноста на целата ситуација“, заклучи Тодевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот