Талибанците ги забраниле козметичките салони бидејќи како што тврдат нуделе услуги кои се забранети во исламот

Талибанци / Фото EPA-EFE/STRINGER

Салоните за убавина за жени се забранети во Авганистан бидејќи нуделе услуги што се забранети во исламот, соопштија денеска талибанците.

Појаснувањето доаѓа неколку дена откако групата потврди дека наредила сите салони во земјата да се затворат на еден месец, што ги натера меѓународните претставници да изразат загриженост за влијанието врз жените претприемачи.

Одлуката претставува последно ограничување на правата и слободите на авганистанските жени и девојки, по наредбите со кои им се забранува образование, јавен простор и повеќе форми на вработување.

Во денешното видео, портпаролот на Министерството за пропагирање доблести и спречување на пороци, Садик Акиф Маџер, наведе голем број услуги што ги нудат салоните, а кои според него се против исламот.

Тие вклучуваат обликување на веѓите, користење на туѓа коса за зголемување на природната коса на жената и нанесување шминка, што би го попречило абдестот или ритуалното миење, што е задолжително пред молитва.

Дополнително, салоните претставуваат економски товар за семејството на младоженецот, кое обично е должно да плати за посетата на невестата и нејзините блиски роднини во салонот пред свадбата, додаде тој.

Забраната доаѓа веднаш откако врховниот водач на Талибанците Хибатула Ахунџада изјави дека неговата влада презела чекори за подобрување на животот на жените во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот