Талески: Владата за прв пат препозна дека образованието е битно, во овие кризни времиња да видиме како може да го промениме

ТВ – училница на МРТ. Трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ ќе емитуваат едукативни содржини за предучилишна возраст и по предметите што се изучуваат на училиште. Секој ден од 10:30 до 12.15 часот. ТВ-училницата е поддржана од Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука | Биро за развој на образованието, ОХО продукција, МРТВ 5+ Фамилија и UNICEF MK. Во реализирањето содржини вклучени се воспитувачи од градинките и наставници од основните училишта.

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“  беше извршниот продуцент на ОХО, Пеце Талески, кој говореше за важноста на ваквите проекти во моменти кога формалното образование (одење во училиште) во Македонија е ставено на „stand by“.

-Морам да ги пофалам и наставниците кои прифатија и беа доволно храбри да прифатат да учествуваат во овој дел од проектот. Различни професии на различен начин придонесуваат во вакви ситуации, рече Талески.

Говорејќи за важноста на медиумите во време кога е прогласена светска пандемија Талески вели дека луѓето конечно почнаа да ги разликуваат лажните од вистинските информации.

-И Англичаните кои почнаа со дистрибуција на лежерни и на еден куп идиотски вести сега сфатија дека е глупост стекнување на автоимунизација преку одење на фудбал, дека тоа не фунционира, па се префрлија на препораките од СЗО. Како што може да приметите полека од социјалните мрежи изчезнуваат тие глупости дека можеш да се излечиш ако пиеш ракија или солена вода, изјави Талески.

Една од причините за овој проект е отворање на канал за комуникација.

-Се надевам овој проект дека ќе трае кратко, но како што стојат работите ќе се оди до крајот на мај. Но она што е најбитно, ако се споредуваме со околината бевме побрзи од другите земји, не само во брзината туку и квалитетот на производот. Морам да напоменам дека за време на кризава, Владата за прв пат препозна дека образованието е битно и во овие кризни времиња да видиме како може образованието да го промениме. Се надевам дека овој залет кој што сега го фативме ќе може понатаму да го туркаме, вели Талески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот