Тактика во борбата со ковид-19: Германската влада ќе инвестира 500 милиони долари за подобра вентилација во јавните згради

Фото: EPA-EFE/FABRIZIO BENSCH / POOL

Германската Влада инвестира 500 милиони евра во подобрување на системите за вентилација во јавните згради, што може да помогне во запирање на ширењето на коронавирусот, јави „Би-Би-Си“.

Средствата ќе помогнат за циркулацијата на воздухот во јавни згради, во музеи, во театри, во универзитети и во училишта. Приватните компании нема да добијат средства за таа намена.

Студиите покажуваат дека вирусот може да остане во воздух во просторија најмалку 8 минути. Постуденото време го зголемува ризикот од заразување, бидејќи повеќе луѓе се принудени подолго време да останат во затворен простор.

Главна цел на германската влада е да го подобри постојниот систем за вентилација, а не да го заменува со нов, што би чинело многу повеќе пари.

Секое подобрување на вентилацијата не смее да надмине 100.000 евра. Парите се наменети и за сензори за мерење на нивото на јаглерод диоксид, што ќе покаже дали квалитетот на воздухот во просторијата е нездрав. Исплаќањето на средствата започнува утре.

Владата, исто така, сака училиштата кои немаат централна вентилација да добијат барем мобилни системи за прочистување на воздухот. Но, многу ќе зависи од тоа колку често просториите се проветруваат со отворање на прозорците.

Дел од германските медиуми јавија дека мобилните системи за вентилација, кои филтрираат мали честички и чинат околу 2.000 евра, можат ефикасно да го прочистат воздухот во просторијата за неколку минути. Но, германските експерти предупредуваат дека некои системи можеби и не се толку ефикасни против коронавирусот, па дури и може да го влошат квалитетот на воздухот во некои случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот