Иако се работи за егзибициски меч, една од најсилните светски организации (WBC) за победникот подготвува шампионски појас со името „Фронтлајн Бетл Белт“.
Легендарниот Мајк Тајсон му се враќа на боксот после 15 години, а доста сериозно ја сфаќа борбата против Рој Џонс која ќе биде одржана годинава на 28 ноември
„Железниот Мајк“ во изминатиот период објавуваше видео записи од своите тренинзи, неговите удари изгледаат многу застрашувачки, како во најдобрите денови.
Иако се работи за егзибициски меч, една од најсилните светски организации (WBC) за победникот подготвува шампионски појас со името „Фронтлајн Бетл Белт“.
Two weeks out and @MikeTyson is yoked 👀 pic.twitter.com/VZ1Ebr1nmP
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) November 16, 2020
Настанот ќе се одржи во Лос Анџелес, најавено е дека ќе има осум рунди, а секоја рунда која ќе трае две и пол минути ќе се бодува посебно и резултатот ќе биде објавен.
Тајсон започна да тренира пред шест месеци, а неодамна изјави дека последен пат кога имал 17 или 18 години ја имаше истата тежина како и сега, што најдобро зборува за тоа во каква форма е и колку напорно тренира.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
– Сè е во самодовербата и самоафирмацијата. Јас сум подготвен за ова. Не можам да го објаснам со зборови – вели Тајсон.
Ја започна својата кариера во 1985 година, стана светски шампион во тешка категорија на 20-годишна возраст, а до 23 година имаше 37 победи и ниту еден пораз. Ја заврши кариерата со учинок од 50 победи и шест порази.