Тајгер Вудс не бил под дејство на алкохол или дрога, но го чека казна!

epa09032689 A Genesis GV80 SUV driven by US golfer Tiger Woods is seen at the scene of a single-vehicle crash in Rancho Palos Verdes, California, USA, 23 February 2021. According to a statement released by the LA County Sheriff, Tiger Woods was extricated from his vehicle and taken to the hospital. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Познатиот светски голфер доживеа сообраќајна несреќа во која се здоби со тешки повреди на зглобот и потколеницата на десната нога, а според локалниот шериф тој се спасил и од законските последици.

Откако неговата здравствена состојба се стабилизираше, извршени се токсиколошки тестови кои не откриле алкохол или недозволени супстанции, за разлика од 2017 година, кога бил фатен во автомобил под дејство на сите можни супстанции.

– Тој не беше под дејство на алкохол или дрога, можеме да го исклучиме тоа. Ова беше едноставно сообраќајна несреќа – рече шерифот во округот Лос Анџелес, Алекс Виланева.

Според „Франс Прес“, Виланева вели дека Вудс може да биде казнет за прекршок од ниско ниво, доколку истражителите заклучат дека возел премногу брзо или не обрнувал внимание.

Вудс бил извлечен од возилото дури откако било исечено со хидрауличен алат, тој се здобил со сериозни повреди на десната нога и беше опериран.

ФОТО: Вудс е надвор од животна опасност, познато што кажал по несреќата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот