10.8 C
Скопје

Тајгер Вудс ја напушти болницата, ќе се лекува дома

Американскиот голфер го заврши лекувањето во болница и рехабилитацијата ја продолжува во домашни услови.

Еден од најдобрите голфери на светот, Тајгер Вудс, на 23. февруари имаше сообраќајна несреќа во близина на Лос Анџелес поради која му беа извршени неколку операции. Но, сега здравствената состојба е подобра и Вудс одлучи лекувањето да го продолжи во домашни услови.
„Среќен сум што се вратив дома и продолжувам со рехабилитацијата. Неизмерно сум им благодарен на фановите поради огромната поддршка и убавите пораки кои ги добив последните недели“, напиша Вудс на својот Твитер профил.

Вудс исто така им се заблагодари и на медицинскиот персонал кој се грижеше за неговото здравје.
Тајгер Вудс се смета за еден од најдобрите голфери во историјата кој има 82 титули на ПГА турнирите како и 15 мастерс титули.

Поврзани вести

Кои се најпознатите прекари на фудбалерите: Трактор, психо, пирана, пират….

Слободен печат

Челси му се реваншира на Лестер за поразот во ФА Купот и го остави да виси за ЛШ

Слободен печат

Црвена звезда на чекор до титулата во АБА лигата, неверојатен натпревар во Белград

Слободен печат

Официјално: Бензема по шест години повторно во француската репрезентација

Слободен печат

ЕСПН ќе снима документарец за најомилениот кошаркар во НБА, „џинот“ Бобан Марјановиќ

Слободен печат

ВИДЕО: Голчиштето на Кавани недоволно за победа на Јунајтед, нов триумф за Алиоски и Лидс

Слободен печат

Остави Коментар