Тачи: Сите со симптоми на Ковид19 да се хоспитализираат

Мендух Тачи/ Фото Архива на Слободен печат

Мислам дека е и крајано време и во Македонија сите што се се јавуваат и покажуваат знаци или се жалат на можни симптоми на Ковид-19 да се хоспитализираат одма и да бидат под внимание на лекарите, рече Тачи на денешната средба со новинарите.

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи смета дека треба да се следат примерите на останатите држави во однос на борбата со коронавирусот и секој што има симптоми да биде хоспитализиран.

-Гледаме држави кои се поразвиени од нас но и држави околу нас веќе го променија пристапот кон луѓето кои даваат симптоми или се жалат дека се соочуваат со тоа. Веќе не се јавуваат на телефон, не добиваат препораки преку телефон или интернет туку сите се хоспитализираат. Мислам дека е и крајано време и во Македонија сите што се се јавуваат и покажуваат знаци или се жалат на можни симптоми на Ковид-19 да се хоспитализираат одма и да бидат под внимание на лекарите, рече Тачи на денешната средба со новинарите.

Тачи упати критика до политичари кои се лекари да не глумат епидемиолози.

-Премногу е човек што е со институционално, политичко искуство, но е хирург, да глуми во оваа тешка војна една улога што не е негова. Тоа укажува дека нешто не функционира, ние имаме се забележано со бројки. Многу ние важно професионалците епидемиолози, инфектолози да ја водат оваа битка. Глумци не ни требаат, ќе има време за политика и глума, истана првиот човек на ДПА.

Тој упати апел до граѓаните на воздржаност од излегување надвор бидејќи е направен напредок, а ако се погази линијата во следните денови може се да врати состојбната како пред еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот