Тачи ја одложи конститутивната седница за 26 декември

Претседателот на Косово, Хашим Тачи го одложи датумот за одржување на конститутивната седница на косовскиот парламент за 26 декември.

Тачи прво ја закажа конститутивната седница за 24 декември, а одлуката да ја премести два дена подоцна ја донесе на барање на политичките партии, пренесува „Коха”.

Тој го прифати барањето на повеќето политички партии за одложување на првата седница на седмиот состав на парламентот со оглед на фактот дека 24 декември е Бадник, пред католички Божик.

Конститутивната седница ќе се одржи на 26 декември во 15 часот. Тој ден истекува рокот од 30 дена за одржување конститутивна седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот