Ако не се смени изборниот систем, Тачи ја напушта политиката

Косовскиот претседател Хашим Тачи за РТВ Дукаѓини изјави дека неговата најмала загриженост е како ќе ја заврши својата политичка кариера, пренесува „Експреси“.

– Во партија нема да се вратам. Ниту во Демократската партија ниту во која било друга партија. Нема да се вратам ниту во Собрание како пратеник. Не претендирам повторно да се кандидирам за премиер или пак да бидам мандатат на косовската Влада. Доколку се случуваат уставни промени и за идниот мандат на претседателот се одлучува со директно гласање на граѓаните, ќе се кандидирам и убеден сум дека ќе победам. Но, ако остане истиот систем, нема да си дозволам себеси поради принципите и етиката да бидам дел од какви било пресметки или реизбор на политички кругови на Приштина. Значи, ако претседателските избори се одржат со директно гласање од народот, ќе се кандидирам и ќе бидам избран, ако не се случи тоа, ќе се збогувам со политиката засекогаш – рекол претседателот на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот