Фото: Креирана илустрација

ВИДЕО | Украински дронови го погодија најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург – следуваа силни експлозии

Украински дронови денеска го нападнаа најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург по што следеа пожар и силни експлозии, објави „Киев Индепендент“.

Жителите на градот објавија фотографии и видеоснимки на кои се гледаат оган и чад откако градот бил погоден од украински беспилотни летала во раните утрински часови.

Терминалот, кој се наоѓа на Финскиот Залив во Големото пристаниште на Санкт Петербург, е еден од најголемите руски капацитети за складирање и за извоз на гориво.

Преку него се примаат и се испорачуваат нафтени деривати по речен, железнички и патен транспорт, а неговиот годишен капацитет изнесува околу 12,5 милиони тони.

Гувернерот на Ленинградската Област, Александар Дрозденко, утрово соопшти дека биле соборени 50 дронови над регионот, но не ги коментираше пожарите во пристаништето.

Целосниот обем на предизвиканата штета сѐ уште не е познат.

ВИДЕО | Тревога во Украина: Русија изврши масовни напади врз повеќе градови — загинаа десет луѓе

Поради нападот бил нарушен и авиосообраќајот на аеродромот Пулково во Санкт Петербург. Според руската државна агенција ТАСС, речиси 30 летови доцнеле повеќе од два часа, а уште девет биле пренасочени кон други аеродроми.

Дронскиот напад се случува истиот ден кога Путин требаше да го отвори својот петти воен Меѓународен економски форум во Санкт Петербург – таканаречениот „руски Давос“, на кој претставници од повеќе од 130 земји и територии учествуваат на тридневен глобален бизнис-настан.

Нападнатиот терминал се наоѓа на околу 17 километри од конгресниот центар „Експофорум“, каде што се одржува конференцијата.

На форумот се очекува да присуствува и претставник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, што би било прво познато учество на американски официјален претставник на овој настан по неколку години.

Украински дронови погодија енергетски и индустриски цели во Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот