ТАА ГО ЧИНЕШЕ БРАК: Најбогатиот човек на светот ја потврди врската со атрактивната Лорен (ФОТО)

профимедиа

Најбогатиот човек на светот, сопственикот на „Amazon“, Џеф Безос привлече големо внимание на вчерашниот финален меч на Вимблдон.

Имено, тој се појави со 49-годишната водителка Лорен Санчез, за прв пат по разводот од долгогодишната сопруга, Мекензи Безос.

профимедиа

Токму овој настан беше местото каде тие двајца се одлучија јавно да ја потврдат врската. Тие дури не се срамеа ниту јавно да разменуваат нежности без оглед на туѓите погледи.

Да се потсетиме, пред седум месеци се дозна за нивната афера. Пред неколку денови Џеф и Мекензи го заклучија разводот кој ќе го чини повеќе од 38 милијарди долари.

профимедиа

Мекензи во мај вети дека половина од богатството ќе го даде во хуманитарни цели со цел да се приклучи во кампањата „Giving Pledge“, која во 2010 година ја покренаа Ворен Бафет и Бил Гејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот