СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислиме

Загаден воздух / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што првично се мислеше, бидејќи концентрацијата на опасни честички во воздухот во голема мера ги надминува препорачаните нивоа.

Седум милиони предвремени смртни случаи годишно

Се проценува дека приближно седум милиони луѓе умираат секоја година од болести поврзани со загадување на воздухот. Во исто време, земјите во развој најмногу страдаат поради нивната зависност од фосилни горива. СЗО го спореди загадување на воздухот со пушењето и нездравата исхрана. По ова, пред самитот КоП26 во ноември, од 194 земји-членки се бара да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да започнат активности поврзани со климатските промени, пренесува Гардијан.

Со децении, границите на она што се смета за прифатлива количина на загадување се намалени, а на пример, во Велика Британија, дозволените граници за најопасното загадување се четири пати повисоки од максимално дозволените од СЗО.

Смртните случаи можеле да се избегнат

Според СЗО, „дури 80% од смртните случаи поврзани со честичките ПМ2,5 би можеле да се избегнат доколку сегашните нивоа на загадување беа на ниво на оние што се предложени во упатствата“.

Неодамна објавените упатства ја преполовија максималната препорачана количина на изложеност на опасни честички наречена PM2.5. Упатствата, исто така, бараат намалување на препорачаната граница и други микрочестички, на пример, PM10 се намалува за 25%. Други загадувачи вклучуваат озон, азот диоксид, сулфур диоксид и јаглерод моноксид. Загадувањето на воздухот е дополнително поврзано со болести како што се срцеви заболувања, срцеви напади и астма. Кај децата, постои можност загадувањето негативно да влијае на растот на белите дробови и да предизвика астма.

„Подобрувањето на квалитетот на воздухот може да има клучна улога во ублажувањето на климатските промени, истовремено намалувајќи ги и емисиите, што пак ќе го подобри квалитетот на воздухот“, велат од СЗО.

Џонсон: Лесно е да се биде зелен, треба заедно да ја спасиме планетата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот