СЗО бара мораториум за третата доза на вакцината

СЗО
СЗО / Фото: Архива на Слободен печат

Светската здравствена организација (СЗО) денеска повика на мораториум на третата доза на вакцината „Ковид-19“ за да ги направи вакцините подостапни за жителите во сиромашните земји.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус апелираше пред се до богатите земји кои далеку го надминаа светот во развој по бројот на вакцини.

Претставници на СЗО велат дека науката не докажала дека третата доза е поефикасна во спречувањето на ширењето на вирусот корона.

СЗО постојано ги повикува богатите земји да направат повеќе за да го подобрат пристапот до вакцини за сиромашните земји.

Израел, Франција, Германија и многу земји од Блискиот Исток веќе започнаа со воведување на трета доза, додека другите држави, вклучувајќи ги Соединетите држави и Велика Британија, планираат да го сторат истото како дел од напорите за забавување на ширењето на многу позаразниот вирус на делта .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот