СВР Тетово: Годинава двојно повеќе од лани се откриени луѓе со дрога

Од МВР ја потврдуваат акцијата, а детали за истата најавија во текот на денов.

Во деветте месеци од 2019 тетовската полиција открила вкупно 134 дела од областа на недозволена трговија со дрога. При тоа одземени се околу 38 килограми марихуана, како и хероин, кокаин и екстази, амфетамини, мешавина од марихуана и тутун, семки од „канабис сатива” и мешавина која се користи за количинско зголемување на наркотичните средства.

– На подрачјето на Тетово од вкупно 134 дела откриени и пријавени се 54 кривични дела од областа на недозволена трговија со наркотични дроги  во тетовско и 80 во гостиварско. Биле инволвирани 139 лица што претставува речиси двојно повеќе во споредба со истиот период лани кога имало 74. Од 139 луѓе од тетовско се 53, а од гостиварско 86 – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Откриените кривични дела во овој период заокружени се со 125 кривични пријави (за тетовско 49 и гостиварско -76), од кои најголемиој број -116 се однесуваат на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и 18 дела „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот