„Свиркачите“ Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски први сведоци во „Таргет-тврдина“

За овој случај, Основниот Кривичен суд – Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни.

Новото судење за случајот „Таргет-тврдина“, не започна денеска, како што беше најавено, поради отсуство на еден од обвинетите, и ќе започне утре за кога се најавени сведочења на „свиркачите“ Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, по чија иницијатива и беше обелоденет скандалот со масовното прислушување во кој првообвинетиот е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.

Инаку, според објаснувањето на судијата Илија Трпков, кој откако го утврди присуството на другите обвинети меѓу кои, освен Мијалков, е и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, даде пет минути пауза за да се консултира што се случува со спроводот на обвинетиот Тони Јакимовски од Охрид каде што издржува мерка куќен притвор за случајот „Спец-каса“. По утврдениот пропуст од страна на Судот, судијата констатира дека не се исполнети условите за одржување на главната расправа и соопшти дека судењето ќе почне утре.

А по неговата најава за утрешните сведоци, одбраната на дел од обвинетите побараа прво да се изведат материјални докази, а потоа да се испрашуваат сведоци.

Судењето за случајот „Таргет-Тврдина“ се врати од почеток откако во декември Апелацискиот суд Скопје соопшти дека ја укинува првостепената пресуда, со која поранешниот директор на Управата за безбедноста контраразузнавање Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затворска казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот