Светските медиуми пишуваат за враќањето на иконите од Албанија во Северна Македонија

Веста за враќањето на украдените икони од Албанија во Северна Македонија најде свое место и во регионалните и светските медиуми.

Во медиумите беше пофалена соработката помеѓу двете влади, која овозможи да се оствари враќањето на 20 украдени икони.

Како што кажа министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска ова е прво вакво враќање на украдено културно и историско наследство во регионот. Таа додаде дека ова е важно не само од политички аспект, туку и од аспект на почитување на меѓусебното културно наследство.

„Последните две години работевме на процесот за враќање, кој беше долг и комплициран. Но, за среќа, стручниот тим кој беше инволвиран во нивното препознавање и зачувување беше од огромно значење“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот