Светски рекордер: Со само 420 грама, тој е најрано родено бебе на светот

Кертис Менс е роден во Бирмингем, Алабама, по 21 недела и еден ден од мајчината бременост. Роден е со само 420 грама.

Гинисовата книга на рекорди потврди дека Кертис, кој сега има 16 месеци, постави нов светски рекорд, станувајќи најмладото предвремено родено бебе во светот кое преживеало.

Стандардна бременост трае околу 40-тина недели, што значи дека ова момче е родено дури 19 недели порано. Мајката Мишел Батлер се сеќава дека дошла во болница ноќта на Денот на независноста. Следниот ден ги родила близнаците Кертис и Сасја, која починала еден ден подоцна.

На Кертис му дале еден отсто шанса за преживување, но тој сепак победил. По три месеци бил тргнат од респиратор, а болницата ја напуштил во април годинава, по 275 дена на интензивна нега.

На Кертис, кој има три постари браќа и сестри, сè уште му треба дополнителен кислород и цевка за хранење, но лекарите велат дека неговата здравствена состојба е добра.

Д-р Брајан Симс од Универзитетот „Алабама“, кој го надгледувал породувањето, изјавил за Гинисовата книга на рекорди: „Ова го работам 20 години, но никогаш не сум видел вакво мало бебе, кое е толку силно како него. Имаше нешто посебно во Кертис.“

Кертис за 24 часа го собори рекордот што го држеше Ричард Хачинсон од Висконсин, додека претходниот рекорд цели 34 години го држеше бебе од Отава, Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот