Сведок тврди: Ангела била спремна да направи сè , па и убиство

Судење за убиството на Пино Секондо / Фото: Слободен печат

Тој нагласи дека се обидувал многу пати да дознае повеќе информации за Пино, но таа му давала кратки одговори.

Со Пино се имам запознаено сосема случајно. Почнавме да се дружиме бидејќи имавме заедничка тема, тоа беше темата автомобилизам. За неговите авантури не сум знаел, не сум бил заинтересиран. За Ангела Ѓорѓиевска слушнав кога му беше роденден. Знам дека беше некое девојче Ангела од Ѓорче Петеов која го побара на телефон. Кога го прашавме кој и зошто ги вика Пино рече “едно девојче Ангела која сакала да се тепа со некои девојчиња па и требало возило да ја стави таа личност во гепек“. Знам дека, рече Пино, немам пари да одам сега до Ѓорче Петров, изјави Мартин Јаневски, сведок во процесот „Пино” кој се води во Кривичниот суд во Скопје.

– За исчезнувањето на Пино дознав од другарка ден откако тоа се случи. Ми се јави другарка ми Марија да ме праша дали е со мене. Кога и одговорив негативно, ме праша дали може знам бидејќи не отишол на работа. Му пишав на другарот Дејан и тој ми кажа дека најверојатно е со “ќоравата”. Кога прашав која е таа, тој ми рече дека тоа е Ангела од Ѓорче. И пишав на неа дека сакам нешто итно да ја прашам за Пино. Направивме краток разговор и ми кажа дека ништо не знае. Разговарав и по телефон со неа да ја прашам нешто повеќе и каде отишол вечерта или каде би може да биде. Таа ми кажа дека наминал на цигара кај неа и си заминал најверојатно дома – рече Јаневски.

Тој нагласи дека се обидувал многу пати да дознае повеќе информации за Пино, но таа му давала кратки одговори.

– После некое време Ангела не знам од која причина ме блокира. И реков дека не сакам да глумам инспектор и ако може да ни помогне. Сè што ми кажуваше таа го збореше мирно и тотално незаинтересирано за ситуацијата – изјави сведокот.

Тој истакна дека со тек на времето сомнежите “паднале” кон Ангела Ѓорѓиевска.

– Кога почнав да се распрашувам за Ангела, нејзина познаничка ми кажа дека е ризично да се дружи некој со неа, дека е спремна сè да направи, макар и убиство – нагласи сведокот Јаневски.

На прашање на одбраната на обвинетата дали пред или после исчезнувањето на Пино ја има видено обвинетата, сведокот рече:

– Да, ја немам видено и не знам колку долго Пино комуницирал со Ангела. Мојот впечаток за неа е од социјалните медиуми и од тоа што сум комуницирал со неа.

Вториот сведок Божидар Спасовски пред Судскиот совет изјави дека обвинетата прв пат денес ја гледа, а само знаел дека покојниот Пино Секондо имал девојка која се викала Ангела.

– Еднаш Пино на слика ми ја има покажано сега обвинетата Ангела – рече сведокот Спасовски.

Тој рече дека со Секондо биле како браќа.

– Скоро секој втор ден знаеше да наврати кај мене. Излегуваме на кафе, но најмногу се занимававме со автомобили. Пино беше незаменлив другар. Не знам ништо за неговото убиство – изјави сведокот Спасовски.

Во продолжението на материјалната постапка ОЈО ги презентираше материјалните докази. За убиството на Пино Секондо обвинети се Фуркан Али, кој е во бегство и за него има меѓународна потерница и Ангела Ѓеорѓиевска како учесник во делото.

Пинета – Пино Секондо исчезна на 11 декември 2018 година. Остатоците од телото на Секондо беа случајно пронајдени кон крајот на април минатата година во село Љуботен. Секондо имал италијанско и македонско државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот