Суспендиран командир на косовската полицијa, одбил да им напише опомена на Србите

Фото: N1

Првиот човек на косовската полиција за северниот регион Ненад Ѓуриќ е суспендиран од работното место, објави Н1. Суспендирањето се случи истиот ден кога косовскиот полициски инспекторат (ПИК) ја предложи мерката.

Косовската полиција соопшти дека Ѓуриќ е суспендиран, поради тоа што не извршил законско овластување и не спровел официјална одлука.

Од полицијата велат дека нема да толерираат вмешување на ниту еден нивни вработен во активности или дејствија, кои се во спротивност со законот.

Во соопштението на косовската полиција, не се посочува дали се покренати други мерки против Ѓуриќ како кривичните дела „саботажа“ и „поттикнување отпор“.

Во Косово во тек е првата фаза од имплементацијата на новата одлука на косовската влада за пререгистрација на возилата со српски регистерски таблички.

Ненад Ѓуриќ претходно изјави дека полицајците од северниот регион нема да ја спроведат одлуката

„Таа е политичка одлука и насочена е пред се против српската заедница, на која и самите припаѓаме и ја споделуваме нашата загриженост за едностраните дејствија“, рече меѓу другото Ѓуриќ.

Ненад Ѓуриќ на 25 јуни 2013 година, по потпишувањето на Бриселскиот договор, беше назначен за командант за северниот регион, а беше именуван од тогашниот министер за внатрешни работи на Косово, Бајрам Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот