„Сапорт Кочани“ ја обезбеди третата донација на компресивна облека во износ од 2 милиони денари за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ ја реализираше и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.

Фото Сапорт Кочани
Фото Сапорт Кочани

Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари.

– Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека. Во оваа донација вкупно се обезбедени 176 парчиња специјализирана компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица. Благодарение на секој поединец, компанија и пријател кој се вклучи со своја донација, успеавме да ја обезбедиме оваа донација. Воедно, голема благодарност упатуваме до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 кои кои што овозможија квалитетна и навремена медицинска помош. Солидарноста и хуманоста се силата што нè движи напред. Иницијативата Support Kocani и понатаму останува посветена на транспарентност, заедничка поддршка и грижа за повредените, сè додека постои потреба- велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот