Фото: mkd.basketball

Супер лига: Кошаркарите на Феникс 2010 убедливи против Ангели

Гостинските кошаркари на Феникс 2010 дојдоа до висок триумф во Кисела вода против составот на Ангели (99:60) во 12 коло од македонската „МТЕЛ“ Супер лига.

Релативно изедначено се играше само во првиот период во салата „Независна Македонија“, оној во кој домашната екипа му парираше на поквалитетниот ривал. Но со почетокот на втората четвртина, Феникс 2010 потврди дека е подобриот на овој меч. И веќе до полувремето, гостите се стекнаа со висока предност (50:29).

Тешко достижна за составот на Ангели во оние 20 минути кои останаа да се доиграат. А во нив, уште поголема доминација на гостинската екипа. Во третиот дел од играта Феникс 2010 испорача дури 31 поен, прими многу помалку – само 14 за потврда на одличната игра.

Младиот Грбовиќ запиша двоен ефект од 15 поени и 10 скока. По 14 поени имаа Златевски и Метјус, додека Рахама имаше 12, а Николовски уште 11.

Кај Ангели, двоен број на поени имаше единствено Рубин Стефанов, односно младиот бек постигна 13 поени.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛАТИ И ДВОЈКИ 12 КОЛО

Ангели – Феникс 2010 60:99

Тиквеш Голден Игл – Гостивар 81:73

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот