Супер еко избор: Како редовно да ги одржувате шишињата за вода за повеќекратна употреба

шише
Фото: Unsplash

Речиси секој од нас знае какво лошо влијание има употребата на пластични шишиња за еднократна употреба, па затоа сè почесто ги заменуваат со оние за повеќекратна направени од стакло или пластика.

Сепак, треба да бидете внимателни, затоа што се вистинско легло на бактерии и мувли, па можат да ви го
загрозат здравјето. Во нив најчесто се собираат штетни микроорганизми под капачето, односно на отворот што го ставате директно во уста.

Затоа секој ден мијте го шишето со средство за садови и со топла вода. Ако забележите дека има непријатен мирис или се создава мувла, тогаш потребно е темелно чистење. За таа цел ви треба средство за миење садови, четкичка за миење шишиња и алкохолен оцет.

Шишето прво измијте го со топла вода, потоа наполнете го до пола со оцет и до врв со вода. Затворете го шишето и превртете го наопаку, да стои преку ноќ. Следното утро испразнете го и добро измијте го со топла вода и средство за миење садови. Добро измијте го отворот и капачето. На крај оставете
да се исуши целосно и шишето е подготвено за повторна употреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот