Судски службеници малтретирани од полиција ќе сведочат во „Ликвидација“

Тројца вработени во Основниот суд од Велес и еден нивен поранешен колега, сега пензионер, на 14 јануари ќе седнат да дадат свој исказ за случајот „Ликвидација“ одлучи денеска судијата Осман Шабани, кој во повторната постапка го води овој случај во Кривичниот суд во Скопје.

Според адвокатите на обвинетите, тие треба да сведочат во оваа постапка, бидејќи, како што нагласија, претходните искази за случајот „Ликвидација“ ги дале под полициски притисок.

За кривичното дело „злоупотреба на службената постапка и овластување“, дело за кое беа обвинети дел од обвинетите во случајот, делото законски застарува за седум дена. Според адвокатите, на нивен „терет“ ќе остане само делото за незаконско поседување на огнено оружје.

Случајот „Ликвидација“ е повторно во постапка откако Врховниот суд го врати предметот на првостепениот суд заради утврдени пропусти при водење на постапката. Моментално, за случајот на обвинителна клупа се осуммина и тоа двајца судии и еден обвинител од Велес и бизнисмен кој одговараат за противзаконито посредување, злоупотреба на службена положба и поседување оружје. За откривање идентитет на заштитен сведок обвинет е новинарот Томислав Кежаровски.

Сите осуммина обвинети во 2013 година беа осудени на затворски и условни казни од една до три години. Тие одговараа за незаконски дејствија при водење на судскиот случај платено убиство во Ореше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот