Судењето за „Тендери“ одложено за 20 април, член на семејството на Канческа Милевска имал медицинска интервенција

Фото: Архива-Слободен печат

Итна медицинска интервенција на близок член на семејството на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска го одложи судењето за случајот „Тендери“ за 20 април. За ова Судот бил известен од нејзиниот бранител, адвокатот Сашо Дуковски.

Денешното рочиште на судењето на Канческа Милевска за предметот требаше да почне со завршни зборови на Обвинителството.

Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според обвинителниот акт, бил оштетен за околу 54 милиони денари.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот