Студентите во „Гоце Делчев“ ќе добијат нови модерно уредени соби (ФОТО)

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното уредување на собите во блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

– Овие блокови беа комплетно реновирани и опремени со нови тоалети и мини кујна. Внатрешното уредување на овие простории се однесува на изработка на мебел во брачните, двокреветни и апсолвентски соби, вклучувајќи ги и влезните хола во двата блока во студентскиот дом „Гоце Делчев“, соопшти Државен студентски дом „Скопје“.

Проектот, како што се наведува, е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука додека комплетното уредување се однесува на два влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски.

Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за одложување на облека, предмети, постелнина и книги како и флексибилен стол.

Државниот студентски центар неодамна ја промовираше новата веб-страница. Ги охрабруваат сите студенти кои имаат проблем или идеја за подобрување на животот во студентските домови да ја пријават преку алатката „Мој дом“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот