Фото: „Студентарија“ / Инстаграм / скриншот

Студентите од „Никола Карев“ цела вечер останаа во студ и под свеќи, домот за денес најавува решавање на проблемот

Проблемот со струја, греење и топла вода за студентите од домот „Никола Карев“ продолжи и во текот на ноќта, откако вчера претпладнето тие остана без струја.

За прекинот што трае веќе скоро 24 часa, доцна во ноќта се јавија и од самиот студентски дом и преку социјалните мрежи потврдија за проблемот, иако засега не дадоа објаснување зошто студентите останаа без основни услови за живот.

„Им се извинуваме на студентите кои се сместени во Д.С.Д.’Никола Карев’ за прекинот со електрична енергија. Од МОН не известија дека во текот на утрешниот ден, проблемот ќе биде решен“, објавија од домот.

Од Министерството за образование и наука засега нема податоци за прекинот на струја и епилогот.

Студентскиот гласник „Студентарија“ вчера информираше дека струја во домот нема од утрото од 10 часот, а според информациите од студентите, прекинот беше во целиот дом, додека во околината имаше редовно снабдување.

ВИДЕО | Студенти во Охрид се во мрак и студ, цел ден нема струја во домот „Никола Карев“

Студентите рекоа дека парното греење во домот не работи подолг период, па за да се стоплат, биле принудени самите да се снаоѓаат со електрични греалки донесени од дома. Но, бидејќи сега нема струја, и таа можност да се згреат им беше одземена.

Синоќа се очекуваше температурата во Охрид да се спушти до само неколку степени. Неофицијално, студентите разбрале дека струјата е исклучена поради неплатени сметки. Тие рекле дека немале никаква најава за прекинот, информираше „Студентарија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот