Студентите конечно ќе ги добијат државните пари за субвенциониран оброк

Протест на студентите пред Собрание/Фото: Слободен печат/Мето Здравев

Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии на понатамошно постапување, соопшти вечерва Министерството за образование и наука (МОН).

Комисија во рамки на МОН извршила проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците пристигнати од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети, велат од МОН.

-Секој студент кој ги исполнил условите, ќе добие средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември, најавуваат од МОН.

На повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

Предлогот за повисок износ за студентски оброк не помина во Собранието

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот