Студено е за пиво: На годинашниот Октоберфест ќе се служи и греено вино

Годинашното издание на Октоберфест во Минхен / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во германскиот град Минхен, почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври.

Локалните пива т.е. пивата произведени на територијата на градот Минхен се главна карактеристика на овој фестивал. Но, оваа година, организаторите направија редок исклучок – на Октоберфест ќе се служи и греено вино поради студеното време.

Од наредната недела, постетителите ќе може да си купат вкусно греено вино на штандовите за сладолед. Сепак, иако мирисот на греено вино е сеприсутен на германските божиќни пазари, тој е незамислив на најголемиот фестивал на пивото во светот.

„Пуштањето божиќни песни олку рано во годината е малку претерано“, изјави директорот на фестивалот Клеменс Баумгартнер, критикувајќи ја музиката која се пушта на некои од штандовите, но вели дека продажбата на греено вино е неопходна за да се обезбеди враќање на продавачите на сладолед во 2023 година.

Организаторите на Октоберфест носат вакви одлуки во навистина ретки случаи, на пр. кога продажбата на сладолед е значително намалена поради лошите временски услови.

И покрај големите надежи дека посетеноста ќе се зголеми по пандемијата на коронавирусот, годинашниот Октоберфест има помалку посетители поради обилните врнежи и ниските температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот