Струмица денеска со рекорден број на заразени со ковид-19, болницата со исполнет капацитет

Во Струмица денеска се регистрирани рекордни 21 новозаболен од ковид-19 и четири случаи во општина Валандово, која е во рамки на струмичкиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ).

Според директорот на ЦЈЗ Струмица, Петре Витанов, секојдневните двоцифрени бројки на новозаразени се должат на непочитување на прописите и на протоколите.

– Ако до пред десетина денови имавме заболени од познати кластери, повеќе не е така. Имаме нови случаи на различна возраст и од различни кластери. Апелирам за доследно почитување на прописите, бидејќи само така ќе можеме да го запреме ширењето на вирусот. Потребна е поголема свест од граѓаните, бидејќи со такви бројки може да дојдеме во состојба да не може да го контролираме ширењето на вирусот, изјави директорот на ЦЈЗ Струмица, Петре Витанов.

Капацититети на Инфективното одделение во струмичката болница веќе десетина денови се полни, а раководството на болницата најавува дека од понеделник треба да бидат оспособени хируршките амбуланти, каде треба да бидат поставени 15 кревети за лекување на заболените од коронавирусот. Во Струмица досега се регистрирани вкупно 293 заболени од кои активни се 178 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот