Скопје загаден воздух / Фото: Слободен печат

Струмица, Куманово и Скопје и денеска екстремно загадени

Според податоците од страната Аir care, неколку градови во Македонија денеска се екстремно загадени.

Струмица e меѓу најзагадените градови со индекс 399. Втор град по загаденост е Куманово, каде индексот изнесува 255, а во Скопје индексот на загаденост е 247.

Следуваат Кавадарци и Крушево, каде индексот на загаденост изнесува 164, односно 176.

Скопје утрово се најде на четвртото место на најзагадени градови во Европа со повеќе од 300.000 жители, веднаш зад Белград и Крајова, а најзагаден град во Европа денеска е Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот