Струга на чекор до нова историја: Ибраими го води шампионот кон плеј-офот во Конференциската лига

фото: F.C. Struga

Денеска во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига екипата на Струга Трим Лум триумфираше над Есперанж со 3:1.

Во текот на првото полувреме Струга имаше повеќе контрола на топката, со повеќе напади кон противничкиот гол и тој притисок резултираше со два гола преку Бесарт Ибраими во 22 минута за водство, и во 40 минута, овој вториот реализиран од пенал.

Ибраими можеше уште во првото полувреме да го комплетира хет-трикот, но неговиот одличен слободен удар со крајни напори го одбрани Чеканович. Заслуга за предноста од 2:0 имаше и голманот на Струга Ќосевски кој се истакна со неколку клучни одбрани.

Во вториот дел Есперанж беше поактивен на половината на домаќините на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, уште на стартот во 46 минута по една грешка на одбраната на Струга, Доминик Штолц тоа го искористи и намали на 2:1.

Следуваше голем притисок на гостите кои со сите сили се обидуваа да дојдат и до израмнување, одбраната на Струга на моменти не реагираше најдобро, а и среќата во одредени ситуации беше на страната на Струга.

Тимот на Дуро ја бараше шансата од полуконтрите, во 77 минута искусниот Ибраими изнуди пенал, по прекршокот на голманот Чеканович. Со една сигурна „паненка“ Ибраими ја затресе и по третпат мрежата на Есперанж за радост кај неговите соиграчи и верните навивачи на клубот.

Актуелниот македонски шампион обезбеди убава предност, дали ќе биде доволна за пласман во плеј-офот останува да се види на реваншот во Луксембург на 17 август.

Потсетување дека победникот од овој двомеч во следната фаза ќе игра со поразениот од пресметките меѓу Зрињски (Босна и Херцеговина) и Бреидаблик (Исланд) во третото квалификациско коло на Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот