Стручњаците стравуваат: Кога ќе заврши сѐ и колку ќе помогне таблетата против ковид-19?

делста сој
Фото: Profimedia

Експертот за вируси, д-р Ашиш Јха, декан на Факултетот за јавно здравје, открива што мисли за пандемијата и сè што ја придружува, како и што ни носи иднината.

Кога можеме да очекуваме крај на пандемијата?

Доктор Јха е најмногу загрижен поради пополнетоста на болниците и поради она што следува поради сезоната на грипот која пристигнува, истакнувајќи дека двојно повеќе луѓе ќе се разболат и ќе треба да се хоспитализираат, што може да доведе до своевиден крах на системот.

– Мислам дека тоа ќе биде проблем и дека бара многу напор. Повеќе нема да одиме во изолација, но може да се вложи во превенцијата. Треба да се внимава да се чисти воздухот во домот, тоа може многу да помогне. Исто така, во деловната култура е да се оди на состаноци, а многумина сакаат да продолжат да бидат одговорни работници, па одат на состаноци. Тоа мора да се промени. Порано ми беше смешно постојано да ја чистам куќата, но навистина тоа може да биде добра превенција кога станува збор за грипот, ако не само за ковид-19.

Дали ќе се појави уште поопасна варијанта на ковид?

Мошне мали се шансите да се појави варијанта поопасна од делта, а д-р Јха верува дека станува збор за можност од 5 отсто за појава на уште позаразен вирус.

– Постојано се споменуваат нови варијанти, така што неодамна, неколку денови се зборуваше само за варијантата ми, па една недела постоеше ламбда-сој на вирусот. Постојат, и тоа е важно да се знае, а дека некои ќе ја заменат делта, не сум сигурен, заклучува тој.

Во одредени околности маската може да се симне во затворени простории.

– Кога би се нашле во група од седум луѓе, а под претпоставка дека сите биле вакцинирани? Јас бев во таква група и не носевме маски. Но, бидејќи сите сме луѓе во години лесно е да се претпостави дека не се движиме низ кафеани каде што има многу луѓе. Значи групата не е ризична, а и сите се вакцинирани. Но, не станува збор за ситуација без ризик, бидејќи инфекцијата може да се случи ако некој од луѓето се зарази, но до ден денес мислам дека таквото однесување е во ред, објаснува тој.

Што мора да знаеме за таблетата против ковид-19?

Во моментов се бара итно одобрение за таблетата што го намалува ризикот од смртен исход од болеста ковид-19.

– Сите сметаме дека добра помош е да се има таблета која ќе ги намали последиците од симптомите. Сигурно ќе станува збор за подостапно средство кое полесно се употребува. Иако некои мислат дека вакцинацијата нема да биде потребна ако се користи таблетата, тоа не е точно. Треба да се вакцинираме и се надевам дека сите разбираат зошто. Имам постари родители и тие примија дополнителна вакцина, но сепак можат да се заразат. И од таа причина би сакал таблетата да ни биде достапна и само да ни треба рецепт од лекар за да ја добиеме таблетата. Мислам дека тоа е одлично и дека станува збор за важна алатка за спречување на сериозните последици, заклучува тој.

Видео на денот