СТРАШНИ ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО АВСТРАЛИЈА: Евакуирани градови, настрадаа околу 350 коали (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Повеќе градови во Австралија денеска се евакуирани, а на стотици им е речено да ги напуштат своите домови заради рекордниот број на шумски пожари.

Во шумските пожари во крајбрежниот резерват во Нов Јужен Велс, Австралија, настрадаа половина од коалите што живеат таму, објавија денеска експертите.

Раниот почеток на сезоната на пожари донесе пожари во природниот резерват на езерото Инес, во кој минатиот месец се уништени две третини од живеалиштата на коалата, а останатиот дел беше загрозен од 15 големи пожари во државата.

Околу 350 коали кои живеат во резерватот во крајбрежниот град Макуори настрадаа во шумски пожари, наведува групата „Да се зачува коалата во Австралија”.

– Во резерватот имаше од 500 до 600 коали, изјави претседателот на групата Су Ештон.

Негувателите на животни од болницата за коали во Макуори ги негуваат спасените коали и ги хранат со листови од еукалиптус.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот