Страотна сообраќајка после патарината кај Отовица, повредени мајка, татко и ќерка

Фото: Архива на „Слободен печат“

Денеска околу пладне се случи сообраќајна несреќа после патарината кај Отовица на автопатот Велес – Скопје, во која е повредено едно семејство – мајка (54), татко (56) и нивната 18-годишна ќерка од Битола.

Како што информира д-р Василка Пановска Поп Стефанова, началник на Итна медицинска помош, кога тие пристигнале со две возила и две екипи на Итната медицинска помош повредените биле свесни, но со полутраума им била укажана помош, биле згрижени на лице место и итно транспортирани на Хируршкото одделение во Општа болница – Велес.

СВР Велес врши увид на местото на несреќата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот