Забрана за пристап на социјалните мрежи за сите под 15 години!
Данската влада објави воведување закон со кој ќе им се забрани на децата под 15 години пристап до социјалните мрежи. Оваа иницијатива ја најави премиерката Мете Фредериксен во својот говор на отворањето на данскиот парламент. Според предлогот, родителите ќе имаат можност да дадат дозвола за користење на социјалните мрежи на деца веќе од 13-годишна возраст.
Препорачано
Премиерката Фредериксен ја нагласи сериозноста на ситуацијата:
– Рековме „да“ за мобилните телефони во животот на нашите деца, со најдобри намери – за да можат да се јавуваат дома и да комуницираат со пријателите. Но, реалноста е дека го пуштивме чудовиштето на слобода. Никогаш порано толку многу деца и млади луѓе не страдале од анксиозност и депресија – вели таа.
Таа истакна дека на децата им е сè потешко да се концентрираат и да читаат, додека многумина се изложени на несоодветна содржина на интернет. Особено алармантна е статистиката дека дури 60 проценти од момчињата на возраст од 11 до 19 години не гледаат ниту еден пријател во живо во текот на целата недела.
– Дали мислите дека таа бројка би била толку висока ако немаше паметни телефони? Мобилните телефони и социјалните мрежи го крадат детството на нашите деца. Новиот закон треба да значи дека подобро ќе се грижиме за нив – рече Фредериксен.
Овој предлог доаѓа откако Данска веќе ги забрани мобилните телефони во основните училишта и продолжените престои на крајот на септември. Со оваа одлука, Данска им се придружува на другите земји што го ограничуваат пристапот на децата до интернет, како што се Австралија, која веќе донесе забрана за лица под 16 години, и Норвешка, која разгледува слична легислатива.
Фредериксен заклучи дека целта не е да се казни, туку да се заштити:
– Сакаме да им го вратиме на децата детството што им го должиме – вели таа – пренесе Каматица.


