Стојановска: Според ВМРО-ДПМНЕ нема никакви пречки Собранието да продолжи да функционира нормално

За ВМРО-ДПМНЕ пoнудата на власта Собранието да функционира онлајн е неприфатлива бидејќи само служи како параван на власта да се потврди фактот дека мнозинството на Заев во Парламентот стои на стаклени нозе од самото формирање на Парламентот, изјави денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.

– Сметаме како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија” дека нема никакви пречки Собранието да продолжи да функционира нормално, бидејќи мнозинството на пратеници коишто се потребни за одлучување во Парламентот по сите видови на мнозинства за носење собраниски одлуки е во моментов и оперативно и достапно, рече пратеничкта Стојановска.

Ако може, дополни, според проценките на Филипче и Заев сите останати да одат на своите работни места, па дури, нели, се прекина и породилното отсуство на мајките родилки зошто да не можат и пратениците и на ВМРО-ДПМНЕ и на власта да доаѓаат во Парламент и да носат одлуки и да гласаат.

– Не можат само корона кризата да ја користат како заштита затоа што нивното мнозинство е тенко, што не можат седница да започнат затоа што мнозинството не им присутно во сала. Тоа се ред на работи коишто уште од стартот се случуваат и верувам дека ќе се случуваат се додека овој парламентарен состав биде во функција, додаде Стојановска.

Меѓудругото пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, изјави дека тие како партија се подготвени за утрешната комисиска расправа за ребаланс на Буџетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот