Стоилов: Склоп на забава, хуманост и спорт, само да не се повреди некој

фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Македонската ракометна јавност со нетрпение го очекува спектаклот на 3-ти јануари кога во салата „Борис Трајковски“ со вистински спектакл ќе бидат испратени големите македонски ракометни имиња.

На денешната прес-конференција на која што зборуваше и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов се обрати и Стојанче Стоилов кој е еден од оние кои се повлекуваат од националниот дрес.

„Сакам да дадам поддршка на овој настан, мислам дека е нешто одлично за да се оддаде почит на една генерација што твореше на терените со години, воедно и да се даде почит на оваа нова генерација која сега тргнува со свој нов почеток. Ова ќе биде склоп на забава, хуманост и спорт, само се надевам дека ќе нема повреди, не кај актуелните, туку кај тие што не мрднале со години“

Исто така дел од натпреварот ќе биде и ветеранот Ванчо Димовски кој долги години ги бранеше боите на Македонија.

„После долго време сум од другата страна. Она што ми го дадоа за задача не можам да одговорам за секој поединчено. Многу ме радува настанот, после долги години ќе се собереме на едно место. Околу подготовките, сите индивудално тоа го прават. До 3 јануари  ќе се видиме сите заедно од 20 потврдени, ќе се подготвиме што е можно подобро да се покажеме во супер светло. Со оваа прес-конференција завршува 2022 година, а веќе во јануари имаме честовој меч да биде прв настан во спортот во Новата Година. Ако им донесе среќа на ракометарите на Светското првенство нека биде и пракса“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот