Стоилковски за претресот во домот на Јаулески: Ништо нема да ги спаси Заев, Спасовски и Муарем, за 12 часа се минато

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Режимот паѓа онака како што и владееше, недостојно и недостоинствено, со многу криминал и злоупотреби на институциите! Токму на денот кога се гласа недоверба на владата, режимот на Зоран Заев прави притисок врз опозициски пратеници и пушта полиција за претрес во домот на пратеникот којшто престојува со своите родители, го протолкува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски претресот во домот на таткото на пратеникот Јаулески, поврзувајќи го со денешното гласање за доверба на владата на Заев.

-Токму во очи на гласањето, финансиска полиција влегува во домот на родителите на Јован Јаулески, дом во којшто и тој престојува, во 5 часот наутро да врши претрес, да вознемирува, одзема телефони и што ли уште не! Притисокот, полициска бруталност, судски налози, ливчиња и политички нарачани налози за дом на пратеник токму денеска кога се гласа недоверба на владата на овој режим на Зоран Заев! Влетува финансиска полиција на Арафат Муарем, партиски војник којшто одработуваше  и за време на изборите во корист на режимот, речи Стоилковски.

Тој потенцира дека таткото на пратеникот Јаулески кој, според Финансовата полиција, е цел на истрага, воопшто не е приватен стопанственик, ниту трговец поединец, а полицијата – МВР и Финансовата можела претресот да го направи во било кој ден, а на пред денешното гласање за доверба, тврди Стоилковски.

-Арафат Муареми, Оливер Спасовски, Обвинителството, денес не работат да најдат кој тоа предизвика енергетски колапс и економска штета на државата – Арафат Муарем, Оливер Спасовски, Обвинителите и судот праќаат полиција во дом на пратеници! Почитувани, ништо нема да го спаси режимот. Зоран Заев Оливер Спасовски Арафат Муарем и другите сателити на криминалот и корупцијата, сателити на срамот на државата, за 12 часа ќе се минато!, нагласи Стоилковски.

Финансиската полиција денеска ги демантираше и отфрли изјавите на пратеникот Јован Јаулески „дека претресот е извршен кај него дома, ниту пак пак кај некој друг претставник на политичка партија. Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје“ меѓу кои е и таткото на пратеникот Јаулески.

-Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН Електрани ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје,  а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела, соопштија од Финансиската полиција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот