Стендап на Никола Тодороски на Јутјуб: Вештачка интелигенција, природна глупост

Македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски го објави своето најново шоу „Вештачка интелигенција, природна глупост“ на неговата веб-страница (www.nikolatodoroski.com). Со ова шоу Тодороски настапуваше во стендап клубови во Охрид, Скопје, Софија, Загреб, Белград, Љубљана. Сега публиката има можност онлајн да ужива во 80-минутна интензивна комедија, а шоуто е снимено во култниот клуб „Џез ин“ во Охрид.

– Кој го гледал знае, кој не, пропуштил – вели во свој стил Тодороски.

– Уживав во создавањето на ова шоу во кое две години заедно со публиката се шегуваме и се смееме на сѐ што во тој период ни било најгорко. Сега сакам шоуто да остане онлајн и публиката да може да го гледа кога ќе посака. Она што најмногу ми прави ќеф е дека сето ова е креирано од нула и е тотално независен проект. Единствени што инвестирале во ова парче уметност сме јас и публиката, за што сум бескрајно благодарен – рече Тодороски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 29, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 1-3 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот