Стефоска: Не сум задоволна од локалната власт, ќе соработуваме со Албанија за заштита на Охридскиот регион

Ирена Стефоска / Фото: МИА

Министерката за култура Ирена Стефоска не е задоволна од работата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за спроведување на препораките од УНЕСКО, но вината ја лоцира во институциите кои требало да го санкционираат.

Локалната власт има свои ингеренции и секој треба да си понесе одговорност за тоа што е надлежен, вели министерката која на Мерко му порача дека не му се плаши.

Граѓаните од туристичките центри имаат проблем и со депониите кои често горат и го загадуваат воздухот, а се наоѓаат на самите влезови кон Охрид и Струга. Рамиз Мерко вели дека депонијата во неговиот град се одржува и е добра локација за пикник.

Неговиот сопартиец, министерот за животна средина Нуредини, нема одговор зошто таа не е дислоцирана.

Министрите со нивните колеги од Албанија денеска со заедничка изјава се обврзаа на забрзани активности за заштита на Охридскиот регион, како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот