Стефковски: Општина Гази Баба ќе донира финансиска помош за семејствата на настраданите во автобуската несреќа

Општина Гази Баба/Фото МИА

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, денеска поднесе предлог Одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија.

Како што информираат од општината, градоначалникот барањето за одржување на седница го поднел до општинскиот Совет.

Во овие тешки моменти на жалост во Република Македонија, солидарноста и хуманоста треба да бидат водилка за сите нас. За таа цел, утрово поднесов барање до претседателот на Советот на општина Гази Баба Дијана Илиевска за оддржување на седница на Советот на која предлагам донесување на одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, вели градоначалникот Стефковски.

Со оваа одлука Гази Баба ќе се приклучи на хуманитарната акција организирана од Црвениот крст за обезбедување финансиска помош за семејствата на настраданите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот