Стефан Ристовски исклучен на дебито за Динамо Загреб

Фото: gnkdinamo.hr

Македонскиот репрезентивец Стефан Ристовски неславно дебитираше во дресот на Динамо Загреб, добивајќи црвен картон.
Ристовски се најде во првиот тим на „модрите“ во дерби пресметката со Осијек кој го доби неговиот тим, но македонскиот репрезентативец заработи исклучување во второто полувреме.

Прво во 72. минута доби жолт картон, а пет минути подоцна по стартот над Миерез доби втор жолт картон, што значеше исклучување.
Гостинските фудбалери во последните 15-тина минути не успеаја да ја искористат предноста од играчи на крајот Динамо славеше со 1:0 со голот кој го постигна Мислам Оршиќ во првото полувреме.
Вториот македонски репрезентативец, Аријан Адеми, кој е капитен на Динамо Загреб, го одигра целиот натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот