Стефан од „Некст тајм“ за ова лето ќе ви препорача: На гравче во Жван, на пливање во Љубаништe! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот ги затвори границите ширум светот, па така можноста за летување на море ова ќе биде ограничена, а можеби и забранета.

Но, тоа можеби и не е толку лошо. Ова е конечно шанса да ги запознаеме убавините на нашата земја, која ги има навистина доста.

Планина, езеро, кампување, река, рурален туризам се само дел од тоа што го пружа ова наше поднебје.

Фото: Инстаграм

Дестинации има многу, а ваше е само да изберете. Ако ви треба помош, тогаш тука е Стефан Филиповски од „Некст тајм“, кој ни препорача три дестинации кои треба да ги посетите ова лето.

Фото: Инстаграм

 Како прва дестинација би го одбрал селото Жван. Од таму потекнува нашиот татко. Жван е место или село кое се наоѓа во општина Демир Хисар и го избирам токму него како дестинација затоа што кога и да отидам таму наоѓам посебен мир , чист воздух и преубава природа , секако и жванско гравче.

Фото: Инстаграм

Како втора дестинација би го одбрал Љубаниште Охрид. Љубаниште е исто така едно од поубавите места. Тоа не значи дека нуди луксуз вили и било што , едноставно самата смиреност оддалеченост од градот и автентичност и убава плажа, нуди да се почувствуваш посебно. Имам доста спомени во глава од тоа место така што, ете тоа е едно од моите омилени места.

Фото: Инстаграм

Како трето, да не биде веќе кажано и видено, па да речам Маврово или некоја планина, јас би го одбрал мојот мотор и возењето низ сите преубави места низ Македонија… Места каде што возам уживам да застанам и да направам слика, на пример еден од најубавите е патот од Велес до Свети Николе .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот