Стартуваше „По патеките на востаниците”

Започна традиционалниот планинарски марш што се организира по повод 143 години од Разловечкото востание. Маршот е со релација село Тработивиште – Свети води – Разловци и е во должина од осум километри.

– На овој планинарски марш, кој е од историско значење, учествуваат планинари од Делчево, Берово, Пехчево, Велес и од Зрновци. Планинарската патека минува низ еден интересен предел и засега временските услови се идеални за учесниците. Маршот го започнавме од село Тработивиште, со тоа што пристигнувањето на планинарите на централната прослава во Разловци се очекува некаде околу 12 часот – информира водичот и претседател на ПСК „Голак”, Љупчо Чучуковски.

Додава дека по завршувањето на маршот за планинарите ќе биде организирана заедничка дружба со пригоден ручек.

Прочитајте и...  Изборниот штаб на ДПА ќе го раководи генералниот секретар Сали Ајдини

Организатор на настанот и годинава е Општина Делчево, како дел од одбележувањето на 143-годишнината од Разловечкото востание по кој повод денеска во Разловци ќе бидат организирани низа настани.

Прочитај повеќе

Милошоски: Заев не бил само премиер, туку и Врховен судија (ВИДЕО)

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада во домовите

Слободен печат

Три лица загинаа при експлозија на плинска боца во Романовце

СДСМ: По 30 години, лани за прв пат во државата почнаа да се градат целосно нови мостови

Слободен печат

Милошоски најавува нова „бомба“ за Заев

Слободен печат

Чолош: Крајно време е да се донесе одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија

МИА

Остави Коментар

15 − четиринаесет =

Прочитај повеќе

„Од Солун до Загреб” – грчка иницијатива за заедничка иднина на балканските земји и Европа

МИА

Сончево со мала умерена облачност

Слободен печат

Мицковски негира дека италијанскитен власти реагирале за спречување на акцијата за кокаин

Протест на жителите на Суводол поради блискиот рудник, од рудникот велат работат според прописите

„Независне новине”: Најголем дел од кокаинот, вреден околу 50 милиони долари, требало да заврши во БиХ

Слободен печат

Деветто издание на конференцијата за социјален активизам „Engage”

Слободен печат